недела, 24 мај 2026

JO: Предлог за притвор за битолчанец осомничен за малтретирање матурантка

Основното јавно обвинителство – Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – „телесна повреда“ и „противправно лишување од слобода“.

Објавено на

часот

Сподели

„Осомничениот на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од матурската прослава, ја пресретнал со автомобилот. Таа влегла внатре, по што осомничениот почнал да вози, ѝ го зел мобилниот телефон и не ѝ дозволувал да замине. Оштетената го молела да ја пушти да излезе и кога запреле на една локација, се обидела да го напушти возилото. Но, осомничениот тргнал по неа и започнал да ја удира. Ја внел повторно во автомобилот и продолжил да ја удира и со тупаници, предизвикувајќи ѝ телесна повреда и крварење од носот. Девојката успеала да се ослободи и од случаен минувач да побара помош“, информира Обвинителството.

Имајќи ја предвид опасноста од бегство, фактот дека осомничениот и претходно се јавувал како сторител на насилство и други кривични дела и насилничкиот и контролирачки порив кон младата жртва, на што укажувал начинот на извршување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола, доставил предлог за определување мерка – притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ