„Блокадата ќе остане во полна сила и ефект сè додека не се постигне, потврди и потпише договорот. Двете страни мора да одвојат време и да го сторат тоа правилно. Не смее да има грешки. Нашиот однос со Иран станува многу попрофесионален и попродуктивен“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушал, според Ројтерс.
Ројтерс објави и дека Мохсен Резаи, воениот советник на иранскиот врховен лидер, денес изјави дека управувањето со Ормускиот теснец е „законско право“ на Техеран за обезбедување на националната безбедност.
„Управувањето со Ормускиот теснец од страна на Иран става крај на 50-годишната несигурност во Персискиот Залив“, ги пренесоа иранските новински агенции зборовите на Резаи.






