„Денес, прославувајќи го делото на рамноапостолните браќа Кирил и Методиј, го славиме почетокот на просветителството кое ги обедини народите на Европа, на кои токму ние им ја подаривме писменоста. Денес со блиските на нас несебично ја споделуваме големина на нашите браќа, но и жестоко се противиме на неприродното и безочно присвојување од другите до нас, на кои пред милениуми при очи им подаривме описменет вид. Овој голем празник претставува инспирација за единство и непоколебливост во одбрана на нашето духовно наследство“, порачува Социјалистичката партија по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
Партијата наведува дека Македонија како современа држава продолжува по патот на знаењето и прогресот, грижно чувајќи го и почитувајќи го сопственото минато додека ја гради својата иднина, очекувајќи го основното човечко почитување.
„Водени од светлината на просветителството потребно е уште повеќе да работиме заедно за подобра иднина на нашите млади луѓе. Затоа што само со образование и знаење ќе успееме да обезбедиме напредна и силна држава за сите граѓани“, истакнува Социјалистичката партија.






