недела, 24 мај 2026

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, од кои осум управувале возило без возачка дозвола, тројца под дејство на алкохол, еден со активна забрана за управување, еден со брзина поголема од дозволената и едно лице без дозвола и под дејство на алкохол.

Објавено на

часот

Сподели

„Во Скопје тројца управувале возило без возачка дозвола, две лица во Битола и по едно во Велес, Тетово, Кавадарци. Едно лице во Скопје управувало возило со активна мерка забрана за управување со возило. Едно лице во гостиварско управувало возило со брзина поголема од дозволената, а под дејство на алкохол по едно лице во Тетово, Охрид и Куманово. Во Берово едно лице управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ