недела, 24 мај 2026

МЗТ Скопје ја одбрани шампионската титула

МЗТ Скопје со 80-74 победи на гостувањето кај Маџари и со максимални 3-0 ја доби финалната серија во македонската кошаркарска Суперлига.

Фото: МЗТ Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Најголемото изненадување оваа сезона, тимот на Маџари одлично го почна денешниот натпревар, ја доби првата четвртина со 26-21, но беше најдоброто од нив на овој меч.

Во вториот период МЗТ Скопје почна да ја топи предноста на домаќинот, го сврте резултатот и на одморот замина со предност од 46-42.

Маџари продолжи да се бори до крај, во последните 10 минути двапати го израмнуваа резултатот, но не успеаа да направат и комплетен пресврт. Кога се одлучуваше победникот, МЗТ Скопје делуваше поискусно, поквалтетно и на крајот дојде до победа од 80-74.

Во составот на МЗТ Скопје Војдан Стојановски беше најдобар со 17 поени, Танасковиќ постигна 16, за Маџари, Хот реализираше 20 поени, имаше и 18 асистенции.

За МЗТ Скопје ове е 13. титула шампион на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ