недела, 24 мај 2026

Обвинителството поведе постапка против 49-годишник осомничен за физичко и психичко насилство врз дете

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – „насилство врз дете“ според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема 13-годишно дете, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да му упатува навреди, пцовки и погрдни зборови на другото дете, а во еден момент и физички го нападнал со удари со шлаканици и тупаници во главата и телото, нанесувајќи му телесни повреди – расекотини и подливи“, информираа од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува во судот и забрана да се приближува на оштетеното дете

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ