недела, 24 мај 2026

НАТО памти подобри денови

Уште на пат кон Шведска, американскиот министер за надворешни работи Марко Рубио изјави дека „не мисли дека некој е изненаден што САД, а особено претседателот, во моментов се многу разочарани од НАТО и она што тоа го претставува“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Особено кога станува збор за Шпанија, која му забрани на Пентагон да ги користи своите бази таму за американските напади врз Иран, кажа тој, се поставува прашањето зошто САД воопшто би биле членка на алијансата што не им помага кога им е потребна.

Во сенка на таа изјава, во петок и сабота (22 и 23 мај) се одржа првиот собир на министрите за надворешни работи на НАТО од почетокот на војната со Иран. Ова доаѓа по бројните најави од САД дека ќе го намалат воениот ангажман во Европа. Колку брзо и до кој степен – тоа засега во голема мера остана нејасно. Јасно е само дека расположението меѓу членките на Алијансата можеше да биде подобро.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте, како и обично, се обидува да го претстави целото прашање во позитивно светло. Фактот дека САД сакаат да стават помалку војници на располагање на Алијансата во иднина, според него, претставува и можност „да се оттргнеме од нездравата, прекумерна зависност од еден сојузник и да се движиме кон пофер распределба на одговорноста за нашата колективна безбедност“.

Одамна веќе не се поставува прашањето дали Европа може и сака да придонесе повеќе со човечка сила, опрема и пари за одбраната. Станува збор за тоа дека Европа мора да стане побрза. Бидејќи американската влада врши притисок.

Во игра е повлекувањето на 5.000 американски војници од Германија. Во исто време, испраќањето на 4.000 американски војници во Полска прво беше запрено, а потоа американскиот претседател Доналд Трамп објави испраќање на „5.000 дополнителни војници“ во Полска.

Тој го објасни ова со неговите добри односи со полскиот десничарски претседател Карол Навроцки. Но, тој не прецизираше конкретен временски план или кои војници ќе бидат распоредени таму.

И според германскиот министер за одбрана Борис Писториус, сè уште нема сигурни информации за тоа кога и каде точно ќе се намали бројот на војници: „Единственото нешто што го слушаме досега е дека сето тоа е дел од одлуката дека цела американска бригада ќе биде стационирана во Европа“.

Американска бригада се состои од околу 4.000 војници и откако Пентагон стационираше четврта бригада во Европа на почетокот на војната во Украина, според овие планови повторно ќе има само три.

Од воена перспектива уште позначајна е најавата на американската влада дека нема да стационира крстосувачки ракети „томахавк“ во Германија. Со тоа оружје со среден дострел Европејците привремено сакаа да ја затворат дупката во одбраната бидејќи сè уште не се развиени нивни сопствени системи со слични карактеристики.

Германската влада ја прифати оваа одлука со жалење, но – веројатно поради затегнатите односи со американскиот претседател Доналд Трамп – не ја критикува отворено.

„Фокусирани сме на понатамошно зајакнување на НАТО“, нагласува наместо тоа портпаролот на Владата во Берлин. Германија веќе презема поголема одговорност, вели тој.

Слично размислува и министерот за надворешни работи Јохан Вадефул. Целта е нова распределба на товарот што одговара на економскиот и воениот потенцијал на Германија и Европа.

Како и Руте, Вадефул не сака да остави никаква сомнеж за трансатлантската алијанса: „Нашата порака е јасна: нашата Алијанса е цврста како карпа и ние стоиме заедно. И со зборови и на дело.“

Целта на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг – град на југот на Шведска, на теснецот Ересунд, покрај кој секојдневно минуваат бродовите на руската „флота во сенка“ – е да се испрати порака за поголемо единство и да се потиснат разликите кои излегоа на виделина за време на нападот врз Иран.

Заканата од Русија и војната против Украина остануваат клучни теми на Алијансата. За да остане ефикасен НАТО, генералниот секретар Рута, откако ги зголеми финансиските ресурси минатата година, сега сака да ѝ даде нов поттик на Алијансата.

„НАТО 3.0“ е името на таа нова фаза, за која министрите за надворешни работи во јужна Шведска требаше да ги постават темелите – пред средбата на шефовите на држави и влади на самитот на НАТО во Анкара во јули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ