понеделник, 25 мај 2026

Ѓоковиќ со победа тргна на Ролан Гарос и постави нов рекорд

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ја мина првата пречка на Ролан Гарос откако со 3-1 го совлада Мпечи Перикар од Франција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Францускиот тенисер го доби првиот сет со 7-5, но Ѓоковиќ возврати со иста мера во вториот, беше 7-5 за Србинот за израмнување на 1-1.

Откако доби еден сет, на Ѓоковиќ му беше полесно, во следните два беше подобар со 6-1 и 6-4 за победа од 3-1.

Со самото играње на овој меч Ѓоковиќ постави рекорд, тој стана тенисерот со најмногу грен-слем натпревари, вкупно 82. Претходно го делеше рекордот со Роџер Федерер и Фелисијано Лопез кои имаат по 81 настап.

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против Валентин Ројер кој во првото коло со максимални 3-0 беше подобар од Уго Делиен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ