недела, 24 мај 2026

Пронајдени непријавени 34.965 евра во автобус

Вкупно 34.965 евра, кои не биле пријавени се пронајдени денеска во автобус, кој сообраќал на релација Германија – Македонија, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово денеска сопреле автобус „мерцедес” сопственост на туристичка агенција, управуван од Р.Ф. (37) од село Доброште, Тетовско кој се обраќал на релација Германија-Македонија.

При преглед на автобусот во приколката се пронајдени повеќе канти за кој лицето не поседува документи и дозволи за транспорт. Додека при извршен преглед кај еден од патниците Ф.И. (20) од Теарце пронајдени се пет пликоа со разни апоени, со вкупна вредност од 34.965 евра кој истиот ги внел преку граничниот премин Табановце без притоа да ги пријави и притоа не поседувал никакви документи за сопственост и потекло на парите.

Лицата се лишени од слобода по член 278 „криумчарење” од Кривичниот законик и член 29 од Закон за девизно работење и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ