недела, 31 мај 2026

СДСМ: ДКСК да се позанимава со Мицкоски зашто промовира локални проекти од нас започнати

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините, смета СДСМ и прашува во кое својство Мицкоски врши увиди па дури и разговара со директори на јавни претпријатија под надлежност на општините.

„Дали Државната комисија за спречување на корупцијата, ќе реагира за оваа злоупотреба или чека некој друг да поднесе претставка? Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ беше и премиер и министер и градоначалник. Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е само копија на неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ