четврток, 21 мај 2026

Левица: Власта и опозицијата сложно против намалување на патните трошоци на пратениците

Објавено на

часот

Сподели

„На поднесеното барање за оваа точка да биде ставена на дневен ред, од присутните 108 пратеници на вчерашната седница, само 19 пратеници гласаа ЗА. Намалувањето на патните трошоци се тема сензитивна за јавноста, а граѓаните уште од поодамна го имаат ова барање. Патем, ова прашање е ветување кое речиси го има во програмите на сите политички парти, но, во пракса, никој досега од нив не се заложил за ова, особено не владејачките СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Засега ние сме единствена политичка партија која се залага за ова барање и има поднесено предлог измени за истото. Дополнително, пратениците од Левица се обидоа оваа идеја да ја застапат преку личен пример и се единствените пратеници во Собранието кои се откажаа од патните трошоци“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ