понеделник, 25 мај 2026

Левица: СДСМ и ДУИ во одбрана на градежната мафија во Маврово

Објавено на

часот

Сподели

„Во решението, освен што е оставен рок од 15 дена за инвеститорот сам да ги сруши дивограбите, наведено е дека ‘ако градбата не се отстрани во определениот рок, ќе се пристапи кон присилно административно извршување на решението’. За отстранување на споменатите куќи сѐ уште се чека, а изминати се речиси два месеци од донесеното решение.

Дополнително, инвеститорот продолжува со неговите градежни активности, додека градоначалникот од СДСМ, Медат Куртовски, на само неколку дена пред локалните избори, наплатил комуналии за уште 22 објекта од предвидените 87.

Дали ваквиот криминал е заштитен директно од власта, со оглед на тоа што постојат индиции дека фирма на поранешен директор на јавно претпријатие од редовите на ДУИ е инволвирана во градбата? Криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ е целосно ставена во служба на интересите на градежната мафија, додека неповратно се уништува природно богатство и се загрозува опстанокот на еден од најстарите национални паркови“, се вели во соопштението на Левица.

Oд партијата потсетуваат дека статусот на Националниот парк Маврово не е редифиниран и не се исцртани забранетите зони за градење, иако според Законот за заштита на природата од 2013 година, постои обврска за репрогласување на Националниот парк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ