недела, 24 мај 2026

Руската и кинеската амбасада со честитки за Денот на сесловенските просветители

Светите Кирил и Методиј ни дојдоа од македонската земја”, стои во честитката од амбасадорот на Русија Дмитриј Зиков по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Честитка упатија и од кинеската амбасада во Македонија: Упатуваме најтопли честитки до сите што го одбележуваат овој посебен празник.

Објавено на

часот

Сподели

„Од срце му го честитам на братскиот македонски народ нашиот заеднички празник – Денот на сеќавањето на светите рамноапостолни Кирил и Методиј, големите просветители кои ги поставија темелите на словенското писмо и литература. Овој датум за сеќавање е симбол на духовното и културното сродство, блискоста на националните традиции на словенските народи. Тој нè потсетува на нераскинливата нишка што ги поврзува генерациите низ повеќе од илјадагодишната историја на развојот на словенското писмо.
Во нашата земја, на денот за сеќавање на светите браќа се одбележува Денот на словенското писмо и култура – празник што се слави секоја година во голем обем и има богата историја. Во Русија, не се забораваат херојските подвизи и големиот труд на Светите Кирил и Методиј, кои дојдоа од македонската земја и ги раширија православната вера и првата азбука меѓу нашите предци. Денес, во црквите низ Русија, верниците се обраќаат кон рамноапостолните просветители со молитви за словенските народи, вклучувајќи го и македонскиот.
На овој светол ден, ви посакувам здравје, благосостојба и успех во сите потфати“, честиташе рускиот амбасадор Зиков.
„По повод Денот на Светите Кирил и Методиј, упатуваме најтопли честитки до сите што го одбележуваат овој посебен празник. Нека духот на знаењето, културата и просветителството, инспириран од Светите Кирил и Методиј, продолжи да свети низ генерациите и да ги зацврстува врските меѓу народите преку јазикот и образованието“, се вели во честитката од амбасадата на НР Кина во Македонија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ