„Бидејќи поминаа точно 10 дена од страдањата и пожарот во болницата во Тетово, а до сега не видовме никаква, ама буквално никаква реакција од обвинителството освен празни ветувања дека истрагата е во тек, денеска јавно ќе поставиме прашање до министерот Филипче: дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, сте биле предупредени од стручно лице, дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници и доколку е точно, дали на состанокот настанала караница по што лицето што Ве предупредило за панелите, било избркано од состанокот?
Или да го преформулирам прашањето: дали министре знаевте, но сепак свесно тргнавте по брзите пари? Одговорете кратко и јасно со да или не. Во меѓувреме ОЈО нека дреме, истрагата ние ќе ви ја водиме“, изјави Ковачки.






