недела, 31 мај 2026

Алијанса за Албанците: Политиката вмеша прсти во пописот, од каде знае Маричиќ дека ќе заврши утре

Објавено на

часот

Сподели

„Државниот завод за статистика е независно тело и само тоа тело може да издава изјави во врска со прашањето за кое станува збор. Но, се докажува дека политиката и владата се мешаат во овој процес и се потврдува тенденцијата за политизација. Можеби министерот сака да ја покрие својата позиција кога беше донесен законот и кога категорично беше отфрлен амандманот на албанската опозиција, што имаше врска со продолжувањето на пописот за неколку дена, ако тоа не се направи навреме со цел граѓанинот да ја исполни законската обврска да не биде казнет. Министерот, иако беше свесен дека погрешија, поради неговите каприци продолжува со истиот аваз и гнев, и покрај тоа што не треба да се меша во овој процес”, велат од Алијанса. 

Доказ дека има проблеми со пописот и дека не се регистрирани сите граѓани, според партијата, е одлуката на Заводот за статистика да определи центри во општините каде што самите граѓани ќе одат да се попишуваат. 

„Зошто ни се потребни такви центри ако нема проблеми. Од попишувачите се бара да ги вклучат сите домаќинства. Значи, изјавата на министерот е само фарса и е во целосна спротивност со одлуката за која станува збор за субјектот. Го повикуваме министерот да не дава такви изјави, бидејќи со изјави тој нема да го реши проблемот туку само ќе ги покрие неговите лични каприци и оние на неговата влада”, додаваат оттаму. 

Исто така, Алијанса за Албанците апелира Парламентот итно да биде свикан и да донесе одлука за повторно продолжување на пописот, без разлика дали е регистриран секој граѓанин и секое домаќинство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ