„Протестот и искажаниот револт не е организиран од страна на албанската опозиција. Присуството на наши членови и симпатизери е чин на граѓанска свест и одговорност и нивното присуство е како и на останатите граѓани на Тетово. Ние не сме ДУИ да фрламе со камења и да криеме рака. Таквиот чин не е наша политичка карактеристика. Протестите организирани од наша страна отсекогаш биле транспарентни за јавноста, и такви ќе останат и во иднина.
Во меѓувреме имаме информации дека дел од демонстрантите се повикани на разговор во полициска станица. Ги повикуваме органите за јавен ред и мир, и овој хибриден режим, да престанат со уцените и притисокот врз граѓаните. Причините за вчерашните инциденти во Тетово да ги бараат во нивното политичко делување, начинот на досегашното владеење, честите трагедии и присилниот пристап кон искажување протест и револт на граѓаните“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците и Алтернатива.






