вторник, 26 мај 2026

Aлијанса за Албанците го честиташе изборот на новите претседатели на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

На Ковачевски и новото раководство на СДСМ им посакуваме среќа и успеси во исполнувањето на програмата презентирана на денешниот конгрес.

На Христијан Мицкоски му честитаме за повторниот избор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ за следните четири години. Исто така им честитаме на членовите на партијата за успешниот Конгрес, како важен чекор во понатамошната консолидација на партиските структури и понудата на опозицијата.

Проблемите со кои се соочуваат граѓаните како последица на коруптивниот и криминален режим на СДСМ-ДУИ се многубројни. Денешната опозиција ја очекува многу работа за подобрување на условите на животот на граѓаните, а посебно во борбата со криминалот и корупцијата, економскиот развој и еднаквоста на граѓаните без никакви поделби, како основни предуслови за материјализирање на европската перспектива на земјата, се вели во одделните соопштенија на Алијанса за Албанците.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ