„Не се сомневаме дека таа е сигурно едно ниво поквалитетна од сите изворни македонски писатели и со тоа заслужила да биде кандидат за претседател на ДПМ, но исто така не можеме, а да не го истакнеме и нејзиниот ангажман во рамките на прославите за српското ослободување на Србите од Стара или Јужна Србија.
Имено, писателката Гордана Јовиќ – Стојковска е една од најредовните гости на сите прослави како што се оние на Зебрњак, Битката на Брегалница, Битката кај Удово и сите други со кои е одбележана поделбата и трагедијата на Македонија.
Не само што учествува како гостин туку многу често таа и ги држи
главните говори каде што посебна специјалност ѝ е бугаризацијата на
историското ВМРО.
Ова инсталирање на писател кој е веќе докажан во великосрпската политика и аспирација кон Македонија претставува поткопување на основните македонски
идентитетски вреднсти во кое активно за жал учествува партијата која го
носи името ‘ВМРО’“, соопшти ВМРО-НП.






