Во првото тримесечје од годинава, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 1,2 процент, трошоците за материјали се намалени за 0,5 проценти, а трошоците за вработените се зголемени за пет проценти.
Зголемени трошоците во градежништвото за изградба на нови куќи
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во првиот квартал годинава во однос на претходниот квартал се зголемени за 0,8 проценти, трошоците за материјали за еден процент, a трошоците за вработените за 0,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Објавено на
часот





