вторник, 26 мај 2026

Врховниот лидер на Иран: САД повеќе нема да имаат безбедни засолништа за своите воени бази

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Моџтаба Хамнеи предупреди дека САД повеќе нема да имаат безбедни воени упоришта на Блискиот Исток, порачувајќи дека Вашингтон постепено ги губи своите позиции во регионот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во коментари објавени на неговиот канал на Телеграм по повод годишниот аџилак, иранскиот врховен лидер ајатолах Моџтаба Хамнеи изјави: „Часовникот не може да се врати назад, а народите и земјите од регионот повеќе нема да служат како штитови за американските бази.“

„САД повеќе нема да имаат безбедни места за своите воени бази и упоришта и постојано ги губат своите позиции“, напиша Хамнеи, пренесе Ројтерс.

„Отсега слоганите ‘Смрт за Америка’ и ‘Смрт за Израел’ ќе бидат слогани на исламската нација и на угнетените народи во светот, особено на младите“, додаде тој.

Тој ги повика сите муслимански земји да ги зајакнат пријателството, соработката и меѓусебната поддршка за заеднички да се справуваат со регионалните предизвици.

Хамнеи во пораката нагласи и дека Блискиот Исток мора да се движи кон поредок без американско воено присуство, претставувајќи го тоа како дел од поширока регионална промена. Ројтерс објави дека неговата порака доаѓа во момент на зголемени тензии по новите американски напади врз ирански цели, и додека мировните преговори меѓу Вашингтон и Техеран сè уште се неизвесни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ