вторник, 26 мај 2026

ЈПДП: Лентите за М-таг од 15 јуни ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата почнувајќи од 15 јуни на наплатните станици (патарините) лентите означени за М-таг (MTAG) ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корсници со електронски тагови. Со таа измена, соопшти денеска ЈПДП, вршењето на наплата со М-кард (MCard) на тие ленти се укинува. Корисниците кои користат М-кард ќе плаќаат на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

Објавено на

часот

Сподели

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (MTAG / MCARD)  и готовинско плаќање (CASH).

Воедно, потсетува ЈПДП, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, а црвен икс (X) – означува затворена лента

„Непочитувањето на означувањето и намената на лентите може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот“, соопшти ЈПДП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ