вторник, 26 мај 2026

МПЦ – ОА формира фонд за поддршка на многудетни семејства

Светиот архијерејски синод на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија на денешната редовна седница формираше комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии, а донесе и одлука за формирање Фонд за поткрепа на многудетни семејства. Светиот синод избра и нови членови во работниот состав и предупреди дека духовното и културното наследство во храмовите и манастирите е во лоша состојба поради недостиг на стручни кадри

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

На седницата, за нов член во постојаниот, работен состав на синодот е избран митрополитот струмички г. Наум, додека за негов заменик е избран митрополитот европски г. Пимен.

Од МПЦ-ОА соопштија дека на седницата, одржана во полн состав, биле разгледани повеќе прашања и настани поврзани со животот на Црквата, како и годишните извештаи од епархиите во земјата и дијаспората.

„Светиот синод ги разгледа и ги усвои годишните извештаи од епархиите на МПЦ–ОА во татковината и дијаспората при што обрна посебно внимание на оние показатели кои сведочат за демографската состојба кај македонскиот православен народ“, се наведува во соопштението.

Воден од, како што посочуваат, пастирската грижа, синодот одлучил да формира и Фонд за поткрепа на многудетни семејства.

Архиереите ја разгледале и состојбата на духовното и културното богатство во македонските храмови и манастири, при што со жалење констатирале дека тоа се наоѓа во лоша состојба поради недостиг на доволно стручни кадри за конзервација.

Од Синодот апелираат до надлежните институции неодложно да преземат мерки за зачувување на црковното и културното наследство.

Како основач на воспитно-образовните институции при МПЦ-ОА, синодот ја поздравил и работата на Управата на Богословијата, која во учебната 2025/2026 година спровела наставна програма во траење од четири години.

Денот за упис на нови ученици во Богословијата е закажан за 19 јуни 2026 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ