„Филипче е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. Неговите јавни настапи се насочени кон негирање на македонскиот јазик и националната посебност, промовирајќи ја тезата дека Македонците и Бугарите се еден ист народ. Поради неговите ксенофобични односи, тој е означен како закана за националната безбедност од македонските власти и има забрана за влез во земјата.
Филипче е соработник со човек кој ја негира Македонија, односно вели дека сме еден народ со Бугарите во две држави. Филипче е соработник со човек кој ни го негира идентитетот, јазикот, културата и историјата. Филипче е директен соработник на Бугарија во Македонија, преку бугарските мисии на министерката Петрова Чамова.
Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче е единствениот кој бара внесување на Бугари во Устав без гаранции дека тоа е последниот чекор за влез во ЕУ. Венко Филипче со ваквиот однос кон Македонија си ја запечатува својата политичка кариера“, рече Манасиевски.






