Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 км/ч. Дневните температури ќе се движат од 24 до 32 степени.






