среда, 3 јуни 2026

​Со нов визуелен идентитет и филозофија Дајнерс клуб отклучува нова ера на соработки

​Во пријатниот амбиент на Вајн бери (Wine Berry), Дајнерс клуб (Diners Club International) денеска организираше медиумски бранч на кој официјално беше претставен новиот визуелен идентитет на компанијата. Менаџментот на компанијата и претставниците на медиумите имаа можност низ отворен разговор да разменат искуства, сугестии и идеи за идни креативни соработки.

Објавено на

часот

Сподели

​Новиот визуелен идентитет, најавен под глобалното мото „Unlock Interesting“, означува значајна еволуција во начинот на кој брендот комуницира со своите членови и јавноста. Во сржта на овој концепт е стремежот секојдневието да се направи поинтересно, а искуствата на корисниците да се издигнат на повисоко, пософистицирано ниво.

​ Пред присутните се обрати Тони Јанковски, директор на одделот за развој на производи и иновации, кој официјално им го презентираше новиот визуелен идентитет на компанијата. Новиот изглед директно го рефлектира начинот на кој се менува светот, стилот на живеење и секојдневните моменти на корисниците.

​Настанот уште еднаш ја потврди посветеноста на Дајнерс клуб кон градењето силни, долгорочни и транспарентни односи со медиумската заедница, најавувајќи возбудливи проекти и иновации кои допрва следуваат.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ