петок, 22 мај 2026

Среде локални избори без дозвола пак почнува да се гради кај ТЦЦ Плаза во центарот на Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Градењето на овој објект во центарот на Скопје беше прекинато уште лани во јули. Она што е изградено како основа требаше да се урне уште лани во февруари, а во агвуст 2020 година Општина Центар почна да бара фирма тоа да го направи. Инвеститорот „БС Консалтинг“ има решение за отстранување на дивоградбата. Во август лани Општина Центар на прашање на МКД.мк одговори дека „во наредниот период ќе распише јавна набавка за избор на соодветна фирма за уривање, која ќе постапува не само во однос на таа дивоградба, туку и по други решенија за отстранување на други дивоградби“.

Пред неколку дена изградбата непречено продолжи. И повторно на диво, без дозвола. По поднесената кривична пријава од Општина Центар против Борис Стојменов, од Основното јавно обвинителство велат овој предмет е во предистражна постапка и се чека извештајот од вештачењето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ