вторник, 14 јули 2026

Пронајдени две гранати во близина на викендица во кумановско

Две гранати биле пронајдени во близина на викендица во селото Косматац, кумановско, при изведување градежни работи. Полицијата извршила увид. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) работи на безбедно подигаље на гранатите, соопштија од МВР.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„На 13.07.2026 во 9:40 часот во СВР Куманово С.Т. (68) од Куманово пријави дека, додека извршувал градежни работи, во близина на неговата викендица во село Косматац, кумановско, пронашол две гранати“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, увид извршила екипа од СВР Куманово, а гранатите во текот на денешниот ден ќе бидат подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ