Во огласот на Град Скопје пишува дека во објектот што се бара да биде во строгиот центар ќе бидат сместени градоначалникот и градската администрација и мора да има од 4.000 до 9.000 метри квадратни, паркинг за 20 до 70 возила, обезбедена инфраструктура и имотен лист или лист за предбележување. Вредноста на објектот не треба да биде поголема од 11 милиони евра со вклучен ДДВ, пишува во огласот. Рокот за поднесување понуди е 13 октомври.
Објектот под Кале почна да го гради претходникот на Шилегов, Коце Трајановски, а во образложението на решението за продажба на градската куќа пишуваше дека се наоѓа на несоодветна локација и нема да ги собере сите вработени во градот.






