„Денеска, на Галичка свадба, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство“, објави претседателката на Фејсбук.
Таа истакна дека на овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски им го честитала бракот и во својство на покровителка им подарила галичка пафта со мотив од традиционалната галичка носија, којашто е симбол на плодноста и македонското свадбено богатство.





