понеделник, 1 јуни 2026

РКЕ: Од полноќ намалени цени за нафтените деривати за 3,84%

Намалeни се малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26 мај. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ).

Објавено на

часот

Сподели

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 10,867%, кај дизелот за 10,622%, кај екстра лесното масло за 10,136%  и кај мазутот има намалувањето е за 8,238 %.

Во оваа пресметка земени се предвид намалениот износ на акцизите за 2 ден/лит кај еуродизел (Д-Е V) и кај бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98.

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин           еуросупер БС – 95                         88,00  (денари/литар)

Моторен бензин           еуросупе БС – 98                           90,00  (денари/литар)

Дизел гориво                 еуродизел БС (Д-Е V)                    85,50  (денари/литар)

Масло за горење          екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                     87,50  (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                    47,906 (денари/килограм)

Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,5 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,238 ден/кг и сега ќе изнесува 47,906 ден/кг.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопшти РКЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ