сабота, 13 јуни 2026

Ворнер мјузик груп ги откупи правата за делата на Дејвид Боуви

Објавено на

часот

Сподели

Сопствениците на авторските права на делата на починатиот музичар Дејвид Боуви ѝ ја продадоа неговата колекција песни на компанијата Ворнер мјузик груп, објави Вашингтон пост.

Како што беше објавено, една од најголемите музички компании сега поседува голем број песни на Боуви, меѓу кои „Space Oddity“, „Life on Mars“ и „Ziggy Stardust“.

„Ова не се само извонредни песни, туку пресвртница што го смени текот на модерната музика за сите времиња“, рече Гај Мут, извршен директор на компанијата Ворнер Чапел.

„Визијата и креативниот дух на Боуви го натераа да ги помести границите, текстуално и музички, пишувајќи песни што поттикнуваа разговори и станаа дел од глобалната култура“, додаде тој.

Со договорот се продадени песните од 26-те албуми што Боуви ги објави за време на својот живот, како и „Toy“ објавена минатата година, која наскоро ќе добие луксузно издание.

Исто така, Ворнер мјузик груп сега ја поседува и музиката што Боуви ја правел за филмови, но и многу други дела.

„Ова не е само музички каталог, ова е збирка на безвременски песни што живеат и дишат, а кои се еднакво моќни и значајни како што беа кога беа напишани“, додаде Кериен Маршал од компанијата Ворнер.

Цената по која се продадени правата на делата на Боуви не е позната, но беше нагласено дека се работи за повеќе од 250 милиони долари.

Оваа вест пристигна неколку дена пред настанот „Боуви 75“ по повод 75-тиот роденден на музичарот в сабота.

Боуви почина во 2016 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ