Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 10,867%, кај дизелот за 10,622%, кај екстра лесното масло за 10,136% и кај мазутот има намалувањето е за 8,238 %.
Во оваа пресметка земени се предвид намалениот износ на акцизите за 2 ден/лит кај еуродизел (Д-Е V) и кај бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 88,00 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупе БС – 98 90,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 87,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 47,906 (денари/килограм)
Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,5 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 3,238 ден/кг и сега ќе изнесува 47,906 ден/кг.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопшти РКЕ.






