Девизните резерви на крајот на април годинава изнесувале 5.207 милиони евра.
Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од девизните резерви е пласиран во хартии од вредност (70,8 проценти) по што следуваат монетарното злато (16,8 проценти) и валутите и депозитите (12,3 проценти).
На крајот на декември 2025 година официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра.






