По ремито против Босна и Херцеговина, избраниците на Гоце Седлоски ги очекува нов сериозен тест против учесник на претстојното Светско првенство. Турците обезбедија место на Мундијалот преку плејофот и со големи амбиции го очекуваат настапот на најголемата светска сцена.
За Македонија ова ќе биде добра можност за дополнителна проверка на силите и ново воигрување на тимот пред обврските во Б дивизијата од Лигата на нации. Во таборот на Седлоски има доста дебитанти, повратници и млади имиња, па се очекува составот да биде пак „измешан“.
Натпреварот ќе се игра на стадионот на Фенербахче, каде се очекува исполнет стадион и силна поддршка за домашната селекција.






