четврток, 28 мај 2026

Радев ја истакнал улогата на Макрон во вклучување на Бугарите во македонскиот Устав

Румен Радев ја истакна улогата на Франција во наоѓањето заедничко европско решение на темата европска интеграција на Македонија и заштитата на правата на Бугарите во земјата. Бугарскиот премиер на средбата со францускиот претседател Емануал Макрон потсети дека уште во 2021 година, Бугарија го покрена прашањето за вклучување на македонските Бугари во Уставот на Македонија, а потоа, со помош на Макрон, темата беше одразена во преговарачката рамка на ЕУ од 2022 година, јавуваат бугарските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

„Франција е меѓу водечките партнери на Бугарија во процесот на модернизација на бугарската армија. Наскоро ќе реализираме договори за снабдување со 3Д радари, за снабдување со нова генерација хаубици, како и вооружување за нашите модуларни повеќенаменски патролни бродови“. Ова го изјавил премиерот на Бугарија, Румен Радев пред средбата со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Радев ги истакнал заедничките ставови на двете земји по темите за европската безбедност, диверзификацијата на снабдувањето со енергија и развојот на нуклеарната енергија како стратешки елемент на енергетската независност на Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ