Судијка Димишкова добиваше закани по живот од двајца обвинети во случајот „Детонатор” кој и се закануваа дека ќе и постават бомба и дека ќе летне како гулаб, како и дека ќе ја исечат на парчиња.
Се работи за обвинетите во случајот „Детонатор”, Жан Железарски и Јорданчо Михајлов кои седнаа на обвинителна клупа и за заканите кои и ги упатиле на судијката Димишкова при објавувањето на пресудата за овој случај.
Во случајот „Детонатор”, Димишкова на Железарски му изрече казна затвор од 14,6 години, додека на Јорданчо Михајлов 12,6 години затвор.
За заканите обвинетите пред судот се бранеа дека не упатиле такви закани, Железарски рече дека никогаш не рекол дека ќе ја сече судијката на парчиња, а Михајлов дека воопшто не и се обратил на судијката.
Судијката Димишкова пред судот тврдеше дека по заканите постоел страв на секое влегување во автомобилот. Секое вртење на клучот по влезот во нејзиното возило си ги кажувала зборовите „Ти благодарам боже, не летнав”.
Во случајот судијката Димишкова им се судеше на 16 лица за лихварство, рекетирање и обиди за убиство, а двајца од нив беа осудени доживотен затвор.
За Железарски беше распишана меѓународна потерница откако избега во 2019 година, кога не се врати во затвор по добиено отсуство.
Тој се бараше со наредба ПК бр.2/18 издадена од Основен суд Кочани за сторени кривични дела по чл.394 ,чл.386 и чл.123 вв со чл.19 од КЗ на РСМ за издржување на казна затвор од 14 години.
К.Д.






