среда, 20 мај 2026

10 килограми марихуана наменета за Грција фатена на ГП Дојран

Десет килограми марихуана скриена во 50 пластични пакувања од различни прехранбени намази фати полицијата на граничниот премин Дојран. Обидот за шверц бил сторен од државјани на Македонија со рент-а-кар возило. Тие се обиделе дрогата да ја пренесат од Македонија кон Грција, распределена во околу 50 пластични кутии.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во изминатиот период, на истиот граничен премин беше спречен и обид за транспорт на поголема количина марихуана во товарно моторно возило.

 Полицијата и царината остануваат цврсто поставени во заштитата на границите и во борбата против секој криминал, со јасна порака дека секој обид за шверц ќе биде откриен и санкциониран, информираат надлежните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ