среда, 20 мај 2026

ЕУ бара преговарач со Путин, се споменува и Ангела Меркел

Владите на Европската Унија разговараат дали поранешниот претседател на Европската централна банка Марио Драги или поранешната германска канцеларка Ангела Меркел би можеле да го претставуваат блокот во можни преговори со рускиот претседател Владимир Путин, објави денеска Фајненшл тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министрите за надворешни работи ќе разговараат за можните кандидати на состанокот на ЕУ на Кипар следната недела, се наведува во извештајот на Фајненшл тајмс, кој се повикува на извори запознаени со прашањето.

Европските влади минатата недела го отфрлија предлогот на рускиот претседател поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој има блиски односи со Путин, да ја претставува ЕУ во можните идни разговори со Москва за безбедноста на континентот.

Путин навести дека би бил подготвен да преговара за нови безбедносни аранжмани за Европа. Министрите за надворешни работи на Европската Унија се скептични дека Русија е подготвена да ја прекине војната и искрено да преговара за мир и безбедност за Европа.

ЕУ спроведува политика на изолација на Русија од руската инвазија врз Украина во 2022 година. Унијата воведе санкции и имаше малку политички и дипломатски контакти на високо ниво со Русија.

Но бидејќи преговорите за ставање крај на конфликтот што ги предводат САД слабо напредуваат, додека Вашингтон е фокусиран на војната со Иран, некои европски функционери ја повикаа ЕУ да разгледа директни разговори со Москва, кои би можел да ги води специјален пратеник.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта изјави дека разговара со други лидери на ЕУ „за да се организираме и да утврдиме што ни е потребно“ за разговор со Русија кога ќе дојде „вистинскиот момент“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ