Габер ова свое барање го заснова на Декларацијата за развој на односите на Република Македонија со ЕУ од 1998 година и сите последователни документи за пристапување на нашата држава кон ЕУ усвоени од пратениците на Собранието.
„Оваа држава има континуитет заснован на Референдумот од 8 септември 1991 година и Уставот од 17 ноември 1991 година.
Во сите тие документи се определува нашата стратешка определба за членство во ЕУ. Тие имаат јасна правна и политичка траекторија, заснована на базичните уставни одредби, усвоени во Собранието, во нашата највисока демократски избрана институција која одлучува за мојот развој и безбедност, но и за моето семејство и за нашиот народ, за секој наш граѓанин.
Заради обврските кои произлегуваат од наведените собраниски документи, како и заради ветувањата што сте ги дале пред гласачите, а кои произлегуваат и од вашите предизборни програми, сметам дека вие како наши пратеници сте свесни дека имате полна морална, материјална и кривична одговорност да ни обезбедите стабилен развој и безбедност.
Распишувањето на референдумот, како највисок израз на волјата на граѓаните на нашта држава и нивната волја ќе ги потврдат вашите определби искажани во горните документи за нашиот иден развој. Доколу на референдумот мнозинството граѓани го заокружат одговорот „ЗА“ за вие пратениците во Собранието на Република Севрена Македонија да ја извршите промената искажана во прашањето, нема да има ваша обврска за усвојување на други документи. Но, доколку мнозинството наши граѓани го заокружат одговорот „ПРОТИВ“, вие, во нивно име, ќе треба да ги поништите сите досегашни од вас усвоени документи за нашата стратешка ориентација членството во Европската унија – и да усвоите нова стратешка ориентација на државата“, се вели во претставката на Виктор Габер, кој е член на Дипломатскиот клуб во Скопје.






