понеделник, 18 мај 2026

Филков: Законот за конфискација е клучен во борбата против криминалот и корупцијата

Стручна јавна расправа за Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка се одржа денеска во организација на Министерството за правда со учество на претставници од правосудството, академската заедница и меѓународни експерти, при што беше истакната потребата од поефикасен и прецизно уреден систем за одземање незаконски стекнат имот.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштуваат од Министерството, во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков, истакнал дека предложеното законско решение претставува значаен чекор во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и заштитата на јавниот интерес.

Министерот потсетил дека во март 2024 година беше донесен првиот Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, со кој Република Македонија започна со воспоставување современ механизам за одземање имот за кој постои основано сомневање дека е стекнат од незаконски извори, независно од исходот на кривичната постапка.

„Низ анализата на постојните законски одредби и консултациите со стручната и академската јавност, институциите и меѓународните партнери, беа утврдени потреби за попрецизно и појасно уредување на повеќе прашања, со цел создавање функционален и правно одржлив систем“, истакна министерот Филков.

Тој нагласил дека новиот Предлог-закон предвидува прецизирање на условите за поведување на постапката, јасно дефинирање на надлежностите на институциите, воспоставување механизми за финансиска анализа и утврдување несразмерност помеѓу имотот и законските приходи, уредување на мерките за обезбедување на имотот, како и заштита на правата на засегнатите и совесните лица.

„Законското решение се темели врз начелата на законитост, пропорционалност, непристрасност, доверливост, транспарентност и итност, при што неговата цел не е казнување, туку заштита на јавниот интерес и спречување располагање со незаконски стекнат имот “, наведуваат од министерството. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ