среда, 20 мај 2026

Њујорк со неверојатен пресврт го совлада Кливленд за старт со победа во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Кливленд имаше предност од 22 поени во текот на последната четвртина, но Њујорк направи неверојатно враќање, го израмни резултатот, а потоа во продолжението со доминантна игра дојде до победа од 115-104.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на последниот период Кливленд дојде до водство од 93-71, во тие моменти се чинеше дека гостите сигурно ќе дојдат до победата, но не беше така. Кошаркарите на Њујорк предводени од Брансон почнаа да ја топат предноста на гостите и да дојдат до 101-101. Тоа беше резултатот во регуларниот тек на натпреварот.

Понесени од пресвртот кој го направија, домашните кошаркари доминацијата ја продолжија и во продолжението во кое примија само три поени, а дадоа 14 за убедлива победа од 115-104.

Убедливо најдобар во составот на Њујорк беше Брансон со 38 поени, Бриџис постигна 18, кај Кливленд, Мичел реализираше 29, Харден имаше само 15.

И вториот натпревар се игра во Њујорк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ