Џолев ова го изјави во дускусија на денешната дебата на тема „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството” организаирана од Антикорупциската комисија.
„Не можете само да протежирате дека се корумпирани функционерите, а граѓаните не се корумпирани. Па мене ми пристапуваат голем број на луѓе граѓани кои самите велат, ајде за оваа работа, вака-така. Јас им одговарам, „Ајде ве молам“. Меѓутоа така размислува нашиот граѓанин, дека, еве ајде да бидам благ, дека тој за нешто треба да даде бакшиш. Наше е да го одбиеме, но и наше е да направиме кампања и да ги охрабриме сите обвинители и судии, да пријавуваат таков случај“, вели Џолев.






