недела, 19 април 2026

Пожар кај Арбанашко, Старо Нагоричане – изгореа сува трева, смрека и дабова шума

Сува трева, смрека и мешовита дабова шума изгореа вечра кај село Арбанашко во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и од Регионалниот центар за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

„Гореше мешана шума во село Арбаншко, станува збор за плаинско село. Успеавме да го изгасиме по неколкучасовна интервенција“, изјави команирот на ТППЕ, Далибор Трајковски.

Според информацијата, вчера во 16:50 часот село Арбанашко горела сува трева, смрека, мешовита шума. Пожарникарите интервенирале со две противпожарни возила и седум пожарникари, во интервенцијата се вклучиле и припадници на МВР, од Полициската станица Старо Нагоричане. Интервенцијата траела до 20:40 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ