„Овој криминален режим се обидува да остане на власт. Наједноставен излез од оваа криза се брзи предвремени парламентарни избори. Оваа ситуација е неодржлива. Власта има 59 пратеници, 60 пратеници се на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата и имаме еден киднапиран пратеник. Власта веќе нема легитимитет. Ако пратеникот имаше став дека Владата треба да остане, зошто тоа не го кажа во Собранието. Не ја повлекуваме иницијативата за гласање недоверба на Владата. Нека решаваат оние кои останаа во Собранието. Очекувам деновиве да се договориме за брзи предвремени избори. Веќе утре органите на ВМРО-ДПМНЕ ќе заседаваат за наредните нивни потези. Власта треба да одговори на сите прашања за тоа каде беше цел ден пратеникот Кастриот Реџеши. Зошто беа одземени телефоните на неговите најблиски, на пратеници на СДСМ… Уште еднаш – во најкус можен рок треба да се организираат предвремени парламентарни избори“, рече Николоски.
Опозицијата го повика и претседателот Стево Пендаровски да каже нешто за ова.






