Израмнет реванш се очекува во Кратово каде Силекс ќе го пречека Охрид Лихнидос по ремито од 1-1 на првиот натпревар во Охрид. Кратовчани ја имаат улогата на фаворити поради домашниот терен и прволигашкото искуство, но охриѓани веќе покажаа дека знаат како да приредуваат изненадувања сезонава.
Интересно ќе биде и во второто полуфинале, каде Шкендија ќе брани предност од 3-2 против Шкендија Арачиново. Тетовскиот тим е поблиску до финалето, но арачиновци сонуваат сензација и историско финале во Купот. Овој натпревар ќе се одигра на стадионот на Башкими во Куманово.
Двете средби носат огромен влог, затоа што пласманот во финалето значи шанса за трофеј и место на европска сцена следната сезона, а освен Шкендија ниту еден од преостанатите три тима нема шанса за излез во Европа освен преку Купот.






