„Ќе направиме сè за да ги заштитиме нашите легитимни права и интереси во преговорите. Прифаќаме само фер и сеопфатен договор“, рече Арагчи во Пекинг по средбата со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, објавија иранските медиуми.
Тој не коментираше директно за понудата на Трамп за пауза на американската операција за придружба на бродовите преку Ормускиот теснец, што претходно беше понудено како поттик за постигнување договор меѓу двете страни.






