Вештачката интелигенција може да нè доведе во сериозни проблеми. Ова го покажува и случајот од Јужна Кореја, каде еден маж е уапсен поради споделување фотографија што ја направил со помош на вештачка интелигенција, на која се гледа волк. Тој тврдел дека станува збор за волк од зоолошка градина во градот Даеџон.
Неидентификуван 40-годишен маж е обвинет за попречување на истрагата поради фотографија за која тврдел дека прикажува волк од Неукгу како преминува раскрсница. Фотографијата довела до тоа потрагата по животното да биде насочена на погрешно место, каде што животното всушност никогаш не било.
Сликата генерирана од вештачка интелигенција ја поттикна градската власт на Даџеон да испрати порака до жителите, предупредувајќи ги за волк во близина. Властите дури ја објавија сликата за време на брифинг за медиумите за избеганиот волк.
Полицијата го идентификувала човекот со преглед на снимките од безбедносните камери и евиденцијата за користење на неговата програма за вештачка интелигенција. Властите не прецизираа дали тој намерно ја испратил фотографијата за време на претресот или едноставно ја споделил на интернет. За време на полициското испрашување, рекол дека го направил тоа „за забава“.
Повеќе од една недела, потрагата по Неукгу привлекла внимание низ цела Јужна Кореја, вклучувајќи го и од претседателот Ли Џае-мјунг, кој јавно апелирал за безбедно враќање на животното.
Роден во 2024 година, Неукгу е дел од програмата во зоолошката градина „О-Ворлд“ за обновување на корејскиот волк, кој некогаш живеел на Корејскиот полуостров, но сега се смета за изумрен во дивината.
Откако безбедно бил вратен во зоолошката градина, во градот завладеало вистинско „лудило“ по Неукгу. Локална пекара почна да продава колачи со ликот на волкот, а градот размислува да го направи своја официјална маскота.






