Натпреварот во регуларниот тек беше 0-0, па се играа две продолженија од по 15 минути. Во 98. минута Коња доби пенал, а реализатор од белата точка беше Енис Барди. Тоа беше единствениот гол на мечот, кој вредеше финале.
Пред да го елиминира Бешикташ, Коњаспор претходно го исфрли и Фенербахче.
Во финалето ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Генчлибирлиги и Трабзонспор.






