На 22 мај 2025, пријавениот се договорил со шест лица да се сретнат во с.Доброште за расчистување на меѓусебните односи, а откако пристигнал на договореното место со патничко возило го отворил прозорот и испукал неколку куршуми кон нив и продолжил да се движи со возилото, при што бил следен од возила во кои биле лицата, а во с. Пршовце и во с.Џепчиште А.Ј. повторно од возилото пукал со пиштол кон возилата на оштетените лица и продолжил да се движи кон Тетово.






