вторник, 5 мај 2026

Во Ереван Сиљановска е сретна со Никушор Дан, претседател на Романија

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на 8. Самит на Европската политичка заедница во Ереван, оствари средба со претседателот на Романија, Никушор Дан.

Објавено на

часот

Сподели

Таа се заблагодари за континуираната поддршка на Романија на македонските евроинтеграции, вклучително и преку групата „Пријатели на проширувањето“, укажувајќи дека истото мора да биде процес врзан за Копенхагенските критериуми со почитување на европските принципи и вредности, утврдени во конститутивните акти на Унијата.

Според неа, силната регионална соработка е важен фактор на политичкото обединување во ЕУ. Таа го поздрави романското разбирање на македонската аспирација за земја-партнер во иницијативата „Три мориња“.

Обајцата сметаат дека добрите политички односи треба да бидат проследени со поширока и подинамична економска соработка.

На средбата беа разгледани можностите за соработка во областа на културата, образованието и науката. Сиљановска-Давкова изрази подготвеност за понатамошна меѓусебна поддршка во рамките на меѓународните организации.

Таа упати покана до претседателот Дан за официјална посета на земјава, соопшти кабинетот на Сиљановска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ